Откриен нов орган преку кој луѓето чувствуваат болка

Сподели со своите пријатели

Научниците пронашле нов орган преку кој луѓето чувствуваат болка, што би можело да доведе до развој на нови лекови против болки.

Loading...

Истражувачите велат де ка откриле посебни клетки кои ги опкружуваат клетките на нервите за чувство на болка и кои се шират кон надворешниот слој на кожата кои судејќи по се, се поврзани со чувството на болка.

Научниците велат дека откритието овозможува нов увид во болката и дека тоа би можело да помогне да најдат одговори на долгогодишните загонетки.

– Најважното прашање за нас е дали тие клекти всушност се причина за одредени видови хронични болко, рекол за Гардијан коавторот на истражувањето, проф. Патрик Ернфорс од Каролинскиот институт во Шведска.

Во текстот објавен во „Саенс“ истражувачите откриваат дека ја испитале природата на клетките во кожата кои, како што навеле, во голема мера биле занемарени.

Во прашање е вид клетки „Шван“ кои ги обмотуваат и влегуваат во нервните клетки за да ги одржат во живот.

Студијата открила дека „шван“ клетите имаат форма на откопод.

Откако го истпитале ткивото, научниците пронашле група клетки под надворешниот слој кожа, но откриле и дека тие клетки имаат долги продолжетоци кои се обвиткуваат околу завршетоците на нервите за чувство на болка, кои продолжуваат во епидермисот, надворешниот слој на кожата.

Loading...

Научниците биле изненадени со откритието, затоа што долго се верувало дека завршетоците на нервните клетки во епидермисот се голи или немаат обвивка.

– Во областа на болката зборуваме за слободни нервни завршетоци кои се одговорни за чувството на болка, но тие всушност не се слободни, рекол Ернфорс.

Најголемото откритие на тимот научници е дека „шван“ клетките можат да чувствуваат болка.

До откритието дошле со користење оптогенетика, која вклучувала генетско модифицирање на глувци, така што „шван“ клетките во кожата на нивните нозе произведуваат протеин кој може да впива светлина.

Кога светлината е насочена на клетките, тој протеин се менува влијаејќи на мембраните и произведувајќи промена во електричното полнење на клетките, со други зборови ги стимулира клетките.

Кога светлината била насочена на тие клетки, глувците ги кревале нозете. Исто така ја лижеле кожата, се треселе и кревале предни шапи во одбранбена положба, што покажува дека „шван“ клетките предизвикувале болка.

Колку подолго траело пулсирањето на светлото, бројот на испалувања на блиските нервни клетки растел, што ја поддржува идејата дека „шван“ клетките испраќаат исгнали до мозокот низ нервните клетки.

Научниците сметаат дека „шван“ клетките се важни за чувството на болка, барем кога станува збор за механички повреди и велат дека во суштина пронашле нов орган за чувство на болка.

Loading...

– Тој орган е дволеточен рецептор, кој заедно го чинат нервот и шван клетките, објаснил Ернфрс.

Leave a Reply