Откриен напаѓачот на новиот напад во Ерусалим: Повредени татко и син

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица се ранети во напад во близина на Стариот град во Ерусалим, само неколку часа по терористичкиот напад на синагога во кој загинаа седум лица, изјави портпаролот на полицијата за Военото радио, пренесе Ројтерс.

Loading...

Напаѓачот отворил оган на улицата Малот, објави „Џерусалим пост“, пренесува Танјуг.

Двајца цивили кои имале право да носат оружје пукале во него и тој бил приведен откако му била укажана помош во полициска брза помош, соопшти израелската полиција.

Напаѓачот наводно е 13-годишен жител на источен Ерусалим.

Полицијата му го одзела оружјето што го носел, пренесе „Маарив“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја продолжува соработката со палестинската агенција УНРВА

Полицијата во моментов го истражува идентитетот на убиецот и го пребарува теренот во обид да открие дали има помош, пишува „Маарив“.

Во нападот повредени се 22-годишен маж и неговиот 45-годишен татко, двајцата се во тешка, но стабилна состојба со рани во горниот дел од телото. Двајцата се префрлени во медицинскиот центар Шаре Зедек.

Овој напад се случи само неколку часа по терористичкиот напад во предградијата на Ерусалим, кога загинаа седум лица, а најмалку тројца беа повредени.

Loading...