Отказите најчести во јануари: Постојат четири причини зошто нова работа бараме во овој месец

Сподели со своите пријатели

Пребарувањето трае целиот месец, а во просек една од пет личности кои бараат нова работа во новата година.

Loading...

Што е тоа за јануари што ги тера луѓето да размислуваат за нивната тековна работа? Експертите за вработување и работодавците откриле што мислат, зошто луѓето донесуваат вакви одлуки овој месец.

Нова Година, Нова Јас – Прастара поговорка која ги води луѓето на почетокот на годината и планира големи промени.

Стивен Хемфрис, извршен директор на една компанија, изјави за metro.co.uk дека желбата за нови цели ги тера луѓето да бараат нови работни места.

– Јануари е време кога луѓето поставуваат нови цели за себе и бараат промена. Работата е голема ставка во животот, па затоа е првото нешто што тие одлучуваат да го променат – вели Хамфрис.

Ник Кирк, извршен директор на друга компанија, вели дека луѓето бараат нов почеток.

– Во јануари, бројот на апликации за работа се зголемува затоа што луѓето се инспирирани од промените, најмногу во средината на месецот, а друга интересна работа е што тие го прават тоа во вторник! На „голем понеделник“ ја донесуваат таа одлука, а ја спроведуваат во вторник – посочува тој.

Врските се раскинуваат, бројот на разводи се зголемува

Loading...

Фил Весткот, директор на одделот за вработување на една фабрика, смета дека јануари е месец кога луѓето се „будат“ за настаните од декември.

– Драстични промени во односите се случуваат во декември, а потоа во јануари луѓето почнуваат да бараат нова работа како друга промена во животот. На пример, на почетокот на декември се случуваат повеќето раскинувања, но остатокот е популарен за свршувачките – вели Весткот.

Јануари е исто така денот кога ќе се случат повеќето разводи, и тоа уште во првата недела. Без разлика дали сте оставени или сте оставиле, исто така ќе барате нова работа во потрага по нов почеток.

Семејството е голема мотивација

Поминување на време со семејството и пријателите во декември ги мотивира и ги охрабрува луѓето да донесат некои големи одлуки на почетокот од годината и да ја променат својата перспектива за работите.

Фил верува дека оние кои биле несреќни цела година, се прашуваат дали треба да се вратат на работа.

– Период во кој луѓето се одвоени од работа за празниците и го поминуваат со семејството и пријателите е клучен за работата. Ако чувствувале стрес и притисок досега, тие би се опуштиле за време на празниците и би сфатиле дека не вреди да се вратат на своето старо работно место – објаснува тој.

Промени во компанијата

Loading...

Јануари е време на промоција и унапредување на работа. Оние што мислат дека нема да добијат ниту едно од горенаведените, добиваат мотивација да бараат нова работа.

Меги Олд, директор за човечки ресурси на една фабрика, се согласува дека јануари е голем месец во календарите на фабриките.

– Многу компании, исто така, планираат големи деловни промени во новата година, а некои вработени не се гледаат себеси во ова, па затоа одлучуваат да се повлечат – вели таа.

Јануарското расположение е уште една причина за депресијата овој месец.

Целиот месец е сив, деновите се темни и генерално има лошо расположение.

Leave a Reply