Осумгодишно девојче повредено во сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Осумгодишно девојче се здобило со телесни повреди при сообраќајна незгода што во текот на вчерашниот ден се случила на крстосница од регионалниот пат Липково – с. Слупчане – с. Оризаре, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено сообраќајната несреќа се случила околу 13:40 часот кога дошло до судир помеѓу патничко моторно возило марка „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ќ.С.(29) од с.Слупчане, и автомобил марка „Фолксваген Голф“ исто така со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.Б.(27) од
с.Оризаре.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 8 годишна сопатничка во „Опел Зафира“, која била прнесена во Општа болница – Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.