Осум лица убиени при пукање на роденденска забава во ЈАР

Сподели со своите пријатели

Осум лица загинаа, а тројца се ранети во пукање што се случи на роденденска забава во јужноафриканската провинција Источен Кејп, соопштија денеска полициски претставници.

Loading...

Инцидентот се случил во неделата доцна попладне по локално време, кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз гостите кои се собрале на роденденска забава, соопшти јужноафриканската полициска служба, пренесе Ројтерс.

Како што се наведува, осомничените не се уапсени, а се истражуваат околностите на инцидентот.

Идентитетот на загинатите и повредените се уште не е утврден, но се сомнева дека, како што соопшти полицијата, меѓу жртвите е и сопственикот на куќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

„Овие луѓе беа убиени од криминалци и нема да мируваме додека не дознаеме што се случило и кој е одговорен за овој бесчувствителен и ладнокрвен напад врз невините жртви“, рече комесарката на полицијата во Кејп Таун во Јужна Африка, Лилиан Мене.