Еден остров во Индонезискиот океан е невозможно да се посети ниту истражи, бидејќи членовите на домородното племе кое го населува се подготвени да ги убијат сите оние кои ќе му се приближат.
Островот Северен Сентинел (North Sentinel) се наоѓа недалеку од брегот на Индија и Тајланд, а го населува едно од најстарите племиња на планетата, кое потекнува уште од камено време.
На продажба чуден остров на кој не живее никој веќе 80 години (видео)
Loading...
Се верува дека домородците го населиле островот пред повеќе од 60.000 години. Современите проценки за нивната бројност се движат од 50 до 400 луѓе.
Неколку рибари, кои во 2006 година, премногу се приближиле до островот, наводно биле фатени, а потоа заклани. Тие меѓутоа, не се единствени жртви.
Дури и обидите за приближување до племето од хуманитарни причини завршиле лошо. Еден таков се случи при обид да се пружи помош по цунамите од 2004 година.
Го нарекуваат рајски остров: На него живеат 250 луѓе без струја, вода и мобилни телефони (видео)
Припадниците на племето тогаш хеликоптерот кој на островот донел храна и пакети со прва помош, го гаѓале со копје и стрели.
Според наводни, досега непознати информации, племето се уште го нема откриено огинот.
Оружјето, со кое маваат по непоканетите гости, го изработуваат рачно, од метал кој го собираат од делови од бродот кој ги донесуваат водите.