На продажба чуден остров на кој не живее никој веќе 80 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Остров со површина од 98 хектари во Шетландскиот архипелаг кој веќе 80 години нема ниту еден жител, се продава на аукција по цена од 595.000 фунти.

Се наоѓа во покраината Норт Ро и припаѓа на семејството на Дејвид Мареј повеќе од 150 години. На островот се наоѓаат куќи во кои никој не живее.

Тоа подрачје во народот е познато како Фетленд, туристички е привлечно, особено за богатата клиентела. Сосптвеникот Дејвид Мареј вели дека островот го продава поради здравствени проблеми, а неговиот татко Даглас е последната личност која се родила на тој остров во 1955 година.

Што се однесува до пристапот на островот, може да се дојде пеш, со џип или со брод. Мареј признава дека му е тешко да го напушти островот, но едноставно е приморан на тоа.

– Место како ова е назамисливо, вакво место нема никаде. Природата е пракрасна, рекол Мареј.

На островот се наоѓаат 23 згради. Погодно е за шетање и уживање во природата, а неговото подрачје е истражувано по виртуелен пат на симулација на видео игри во еден музеј во градот Лервик. Таа симулација на корисниците им овозможува да „шетаат“ на островот и да го запознаат. Се уште нема заинтересирани купувачи.

https://youtu.be/fqtcg45M1ZY

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.