Го нарекуваат рајски остров: На него живеат 250 луѓе без струја, вода и мобилни телефони (видео)

Сподели со своите пријатели

На прв поглед Нихау може да изгледа како идеално место за одмор. Тоа е најмалото населено островче на Хаваите, а се протега на површина од 179 километри квадратни на западниот бред на Кауаи.

Во овој тропски рај кој е опкружен со водите на Тихиот океан, температурите во текот на целата година се движат од 20 до 20 степени целзиусови, а плажите се преполни со ретки школки.

Но, за жал, мал број луѓе може да го посетат. Се нарекува и забране остров затоа што е во приватна сопственост, а до него се доаѓа само ако од луѓето добиете посебен повик.

Кралот Камехамех Четврти ја продал Нихау во 1863 година на Елизабета Синклер за 8.3000 евра, а нејзините наследници, семејството Робинсон, управува повеќе од 100 години.

Loading...

Според пописот на населението до 2009 година на островот живеат 130 лица, но се претпоставува дека таа бројка во меѓувреме се зголемила на 250 поединци кои го минуваат својот живот одалечени од благодетите на модерниот свет без плаќање кирија.

Тука нема изградени патишта, хотели, ниту супермаркети. Еднаш неделно на Нихау доаѓа брод кој носи потребни намирници, а за случај на опасност на располагање е хеликоптер на сопственикот. Коњите и велосипедите се главни транспортни средства на овој остров.

Жителите немаат мобилни тлефони ниту вода, а електричната енергија ја добиваат само преку соларни панели.

Сосптвениците сакаат да ја сочуваат хавајската култура, па ова е единствено островче на Хаваите каде само ретките зборуваат англиски јазик.

Опасност од воздух

Се живее мирно и без големи драми. Или тоа барем било така до 7 декември 1941 година, кога со нападот на Перл Харбур на Нихау се срушило јапонско летало.

Во падот преживеал јапонскиот пилот Шигенори Нишикаичи кој недела дена сеел страв меѓу локалното население, се додека не бил спречен во понатамошните криминални активности.

На островот доминира сув терен, па населението обично живее од сточарство. Секое домаќинство има мала градина на која одгледува некој зеленчук за кулинарските спојувања со говедско или овчо месо, но и риба која самите ја ловат.

Нихау е дом и за хавајскиот морски медвед, а на островот секоја година се раѓаат по 12 младенчиња од овој, инаку загрозен тип на животни.