Остин: Време е за поголема поддршка за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска се сретна со претставници на НАТО и други земји во американската воена база Рамштајн во Германија и ги повика сојузниците дополнително да ја поддржат Украина во војната против Русија.

Loading...

„Русија се прегрупира, регрутира и се обидува повторно да се опреми. Ова не е време за забавување. Време е да се копа подлабоко. Украинскиот народ гледа“, рече Остин на почетокот на состанокот, пренесе Ројтерс.

Водачите на НАТО и претставниците од околу 50 земји се состанаа денеска во воздухопловната база Рамштајн, на последниот од серијата состаноци за договорени пакети со вооружена помош за Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

Американското Министерство за одбрана денеска објави нов пакет помош за Киев во вредност од околу 2,5 милијарди долари, во кој ќе бидат вклучени оклопни борбени возила од типот „Бредли“ и оклопни борбени возила од типот „Страјкер“.

Сепак, главниот фокус на состанокот е дали Германија ќе испрати борбени тенкови од типот „Леопард“ во Украина или барем ќе одобри нивно пренесување од трети земји.

Тенковите леопард се сметаат за особено погодни за испраќање во Киев бидејќи се во широка употреба, што значи дека неколку земји би можеле да ги испратат во Украина како дел од воената помош.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.