Остатоци од авион кој се урнал во 1968 година пронајдени во глечер

Сподели со своите пријатели

Остатоци од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч.

Loading...

Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.

– Истрагата утврди дека станува збор за делови од „пајпер чироки“, со регистрација HB-OYL, кој паднал на таа локација на 30 јуни 1968 година. Понатамошна работа ќе се преземе во најкраток можен рок – се вели во полициското соопштение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска и Финска нема да можат во НАТО додека не ги исполнат обврскиte

Локалниот весник дека во авионот имало учител, лекар и неговиот син, сите од Цирих.

Потоа биле пронајдени нивните тела, но не и остатоците од авионот.

Остатоците биле забележани од планински водич за време на една од обиколките во областа.

Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката на искачување е променета така што сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.