Остар пад на биткоинот поради пандемијата со коронавирус

Сподели со своите пријатели

Пред точно еден месец, коронавирусот беше само епидемија што ја зафати Кина и некои други земји, инвеститорите во Биткоин почнаа да бараат безбедност во време на економска неизвесност.

Loading...

Во тоа време, побарувачката за најпопуларните криптовалути порасна, а нејзината цена, по долго време, надмина 10.000 американски долари.

Овој град е престолнината на биткоинот, само еден човек тука дневно заработува 100.000 долари

Сепак, со објавувањето на пандемијата и се повеќе сериозните последици од ширењето на коронавирусот во економијата што ги гледаме ширум светот, реагираа и берзите и криптовалути.

Биткоинот и другите криптовалути се покажаа дека не се толку сигурни средства во време на можна рецесија, па започна голема распродажба.

Само во последните 24 часа, цената на биткоинот опадна за повеќе од 25 проценти и падна на околу 6.000 американски долари.

КООСНОВАЧОТ НА БИТКОИН: Ги продадов сите биткоини, бескорисни се

Коронавирусот овој пат е обележан како основна причина за падот на биткоинот. Инвеститорите се чини дека заборавија на оптимизмот поврзан со претстојниот „халвинг“, или преполовување на наградите кои се добиваат со рударење, а во овие кризни моменти, тие веќе не го сметаат биткоинот за „безбедно пристаниште“ кога паѓаат други, недигитални средства.

Loading...

Вчера со биткоинот се тргуваше за 5.430 долари.

Leave a Reply