Особено топло време кон средината на неделата што следува

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието и во источните делови умерен северозападен ветер.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени. Индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе има коефициент  9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне 31 степен.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица.

Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град, додаваат од УХМР.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply