Османи веќе го откажа учеството на Советот за безбедност

Сподели со своите пријатели

По вчерашната посета на Куманово, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник, кога ќе направи тестирање на Ковид-19, бидејќи вчера беше во контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Вели дека носел заштитна опрема цело време, но дека ќе почека до изготвување на тестот.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно. Бидете здрави!“, напиша Османи на својот профил на „Фејсбук“.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply