Оштетени штотуку обновените кошеви кај спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иако обновени пред само една недела, ноќва непознат(и) сторител(и) ги вандализирале кошевите на игралиштето кај Спортската сала во Куманово.

Кошаркарскиот клуб Куманово со сопствени средства ги обнови обрачите и таблите на кошевите со цел да се потикне развојот на кошарката во градот и да се обезбеди место каде младите ќе можат правилно физички да се развиваат.

Loading...

 

 

Сепа несовесни лица ноќва ги оштетиле.

За само една недела ова е втор вандалски чин во Куманово. Пред неколку дена непознати сторители ги оштетија штотуку поставените летниковци на локалитетот Студена вода.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *