Оштетени гуми на возила на неколку локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

На повеќе возила на неколку локации во Куманово им биле оштетени гумите од засега непознат сторител.

Loading...

– На 07.12.2021 во 20.30 и 20.40 часот во СВР Куманово двајца граѓани пријавиле дека на  улицата „Иго Тричковиќ“ во Куманово биле оштетени гумите од нивните возила кои биле паркирани на улицата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, во периодот од 20.05 до 20.35 часот во СВР Куманово, седум граѓани пријавиле дека биле оштетени гумите од нивните возила паркирани на улицата „Народна Револуција“ и на улицата „Перо Шварц“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски