Оружје, муниција, ракија, лекови и девизи запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено биле  задржани пиштоли, муниција, петарди, ракија, цигари, технички производи, дрон, лекови, девизи, алуминиумски спојки, делови за огради и бижутерија, а откриена е и една царинска измама.

На граничниот премина Табановце во текот на изминатата недела биле запленети два пиштоли марка WALTHER Р22 и WALTHER PP CAL 22 LR, 100 парчиња муниција KNALL 9mm P.A и R100 и 40 петарди Knallkorper Super – Boller II Feuerwerk, откриени при контрола на товарно возило со германски привремени таблички, управувано од македонски државјанин, а пријавено за влез во државата. Возачот пријавил дека со себе носи три употребувани велосипеди и лични работи, но при контрола на приколката, во просторот за палети, во кеса завиткани во крпа биле отикриени пиштолите и петардите.

Предметот бил предаден на Секторот за контрола и истраги, од каде по собирањето на сите докази, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрсткувачки материи” .

Во вториот случај, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во две картонски кутии сместени во багажникот на возилото, пронајдени биле 10 литри ракија „Препеченица” со српски акцизни маркички.

 

Loading...

ngtfngf

 

Вкупно 2.655 разни таблети (Janumet 50mg/1000mg, Optisama mit vitamin C, L-Thyroxin Henning 75,   Atorvastatin Abz 20 mg и 40 mg, Ibuflam 600mg, Amlodipin Hexal 10mg и Valsartan 160mg /25mg), 23 инекции инсулин Lantus solostar, 300 ленти за проверка на шеќер во крвта Contour next и 100 игли за инсулин DB-Micro-Fine Ultra 4 mm, откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Хамбург – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи биле пронајдени во два куфери, сопственост на возачот – македонски државјанин. Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

 

ngjfmn

 

Во посебен случај биле октриени и одземени 2.500 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во предниот џеб од фармерките на возачот биле пронајдени 4.500 евра за кои не поседувал документ за потекло.

фгн

Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.