Орбан: Загубивме десет милијарди евра поради санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Унгарија загуби 10 милијарди евра годинава поради санкциите што Европската унија и ги воведе кон Русија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

Како што рече, погрешните санкции на Брисел резултираа со вртоглаво зголемување на цените на енергијата, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра, пренесе агенцијата ТАС С.

„Владата се надева дека економијата на земјата ќе проголта околу шест милијарди од тој дефицит, но буџетот ќе има дупка од четири милијарди“, рече Орбан во петокот.

Тој истакна дека дупката во буџетот е последица на социјалните трошења, зголемувањето на платите и намалувањето на даноците.

Од таа гледна точка, унгарската политика која бара преиспитување на санкциите воопшто не изгледа претерано“, изјави унгарскиот премиер.