Орбан: Време е да се ревидираат санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара преиспитување на санкциите против Русија, со што ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека конфликтот во Украина на различни начини влијае на ЕУ и на САД.

Loading...

„Макрон е во право бидејќи трошоците за украинскиот конфликт не се исти на двете страни на Атлантикот. Ако сакаме опстанок на европската економија, мора брзо да ја решиме енергетската криза. Време е да се преоценат санкциите“, нагласи Орбан во пораката објавена на Твитер.

Францускиот лидер вчера во изјава за американскиот CBS News рече дека има „десинхронизација“ во односите меѓу Европа и Вашингтон поради високата цена на енергијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија одби да го осуди нападот на Иран врз Израел

Тој потсети дека ЕУ е купувач на гас и нафта, а САД е производител и поради тоа домаќинствата од ЕУ и Америка добиваат струја по различни цени и дека таа разлика влијае на куповната моќ и конкурентноста на европското општество.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.