Орбан: Унгарија не дозволува Брисел да диктира кому треба да дадеме засолниште

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан вели дека Европската унија треба да им помогне на бегалците, но дека не може да помогне некому додека ја уништува сопствената земја.

Орбан вели дека е согласен со папата Фрањо дека ЕУ треба да им помогне на бегалците од христијанска, братска љубов, но дека во прашање е начинот на кој тоа треба да го направи.

Унгарскиот премиер нагласува дека неговата земја има многу посензибилен пристап кон мигранцијата од Германија, затоа што се наоѓа во опасна зона.

Унгарија не дозволува Брисел да и диктира кому треба да даде засолниште, рекол Орбан додавајќи дека за тоа исклучиво Унгарија треба да одлучува.

– Ако тој фундаментален прицип се почитува, ние сме подтовени да учествуваме во бегалската шема, рекол Орбан.

Според Орбан, шенгенскиот режим е најголемото достивнување на ЕУ, особено за нив, Унгарците, кои доаѓаат од диктаторски режим и поради тоа е исклучено важно, како што нагласува, да ја ценат слободата.

Зашран за својот однос со Владимит Путин, Орбан вели дека станизацијата на рускиот претседател е глупав пристап.