Орбан тврди: Европската комисија подготвува план Б за Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека Европската комисија подготвува план Б кога е во прашање финансирањето на Украина и рече дека Будимпешта го поздравува тој потег.

Loading...

„Добро е да се види дека Европската комисија го подготвува планот Б за 1 февруари, според кој финансиската поддршка за Украина може да се обезбеди надвор од буџетот на ЕУ. Ова е добра одлука! „План Б“ на Европската комисија е „план А“ на Унгарија!“, рече Орбан.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори, објави дека Европската унија подготвува резервен план за помош на Украина во износ до 20 милијарди евра со зголемување на долгот, што ќе овозможи заобиколување на блокадите на Орбан.

Да потсетиме, Унгарија на самитот во декември го блокираше договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата.

Тогаш 26 земји од ЕУ се согласија да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија беше против тоа и потребна е едногласна одлука.

„Отсекогаш сум велел дека ако некој сака да го модифицира буџетот – и тоа го прави – тогаш е одлична можност Унгарија јасно да каже дека мора да го добие она што и се должи. Не половина, ниту една четвртина“, рече Орбан во таа прилика, објаснувајќи дека пакетот помош за Украина е блокиран за да се осигура дека Унгарија ќе ги добие средствата што ги сака од буџетот на ЕУ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.