Орбан: Брисел ги лажеше граѓаните на ЕУ во врска со санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека во Брисел ги „лажеле луѓето од Европа“ кога рекле дека санкциите против Москва нема да се прошират на енергетските компании и дека тие ќе доведат до брз крај на војната во Украина. , јавува МТИ.

Loading...

Големите акционери на енергетските компании, почнувајќи од финансиерот Џорџ Сорос, остваруваат милијарди дополнителни профити“ благодарение на порастот на цените на енергијата поврзани со санкциите, изјави унгарскиот премиер за националното радио.

Граѓаните во Европа во моментов плаќаат високи цени за енергија поради санкциите, што ја прави иднината нестабилна, рече Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дуда: Одлуката на САД да ѝ дозволат Украина оружје за удари може да биде одлучувачка за војната

Тој истакна дека војната во Украина продолжува, без надеж дека брзо ќе заврши.

Според неговото мислење, цените на енергијата се водени од политички мотивирани одлуки во Брисел, а не од економски причини.

Без санкции, цените на енергијата би биле исти како во април, кога се очекуваше да се стабилизираат на околу 100 долари, рече Орбан.

На самитот во Версај, земјите од ЕУ се согласија „со раководството на Германија и Унгарија“ да не ги прошируваат санкциите на енергетскиот сектор, рече тој, истакнувајќи дека Унгарија ќе беше во многу полоша ситуација доколку владата не се бореше за ослободување од санкции против Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина планира наскоро да ја нападне Русија со американски ракети: Ова е првата цел

Тој изјави и дека е неизвесно дали ситуацијата уште повеќе ќе се влоши со оглед на тоа што ЕУ сака да воведе нови санкции за Русија“.

Loading...

Коментирајќи го планот на Будимпешта да спроведе јавна анкета на Националната консултација за санкциите на Европската унија против Москва поради војната во Украина, унгарскиот премиер рече дека единството и соработката се уште поважни во време на криза.

Анкетата е „правно најфлексибилната форма“ на вклучување на луѓето во процесот на донесување одлуки, што „според моето искуство е политички најдоброто нешто во одредени ситуации“, рече Орбан, според МТИ.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.