Општинската администрација од денеска ќе помага во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Општинската администрација и вработените во јавните претпријатија во Куманово од денеска се ставаат на располагање за помош во Општа болница.

Loading...

Како што информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски, со одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување, дел од вработените ќе носат боци со кислород.

– Од денеска сакам да најавам дека по одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување вработени од општинската администрација и јавни претпријатија ќе учествуваат и ќе волонтираат во делот на дистрибуција на оксигенските боци во одредени периоди на денот кога тоа е потребно во болницата се со цел да се даде дополнителна сила и можност дополнително да се ангажираат на други места здравствените работници, рече Димитриевски.

Инаку, претходно директорката на болницата Снежана Захариева апелираше кој може да се јави за волонтирање, бидејќи поради поголемите количини кислород што се трошат за лекување на ковид пациентите, техничкиот персонал не може да постигне со транспортот на боци.

Централниот довод на кислород во овој момент не може да се постави, бидејќи постојано во ковид одделите има пациенти и тоа може да биде опасно за оние што би го монтирале системот, рече директорката. Воедно причина за неговото отсуство е и недостаток на финансиски средства.

 

 

Loading...

– Не можевме да предвидиме кога ќе дојде нов бран на пациенти, бидејќи првичниот услов беше да се постави централниот довод за кислород во објект кој нема пациенти. Нашата прва замисла беше да се постави, не во модуларната болница, туку на старото Инфективно одделение бидејќи да им остане и кога ќе помине оваа пандемија. Се случи да немаме период кога не се полни објектите, а и да бидам искрена финансиски имаме зголемени трошоци, за набавка на лекови, лабораториски реагенси, храна за болни, голема потрошувачка на мазут, струја и се останато, со оној буџет со кој располагаме немавме можност да поставиме централен довод, изјави директорката.

Обврската за поставување на овој централен довод на кислород била на самата болница, не на Министерството за здравство. Поради недостатокот на финансиски средства, било разговарано со Локалниот економски совет во Куманово за евентуална помош, но сето тоа останало само на иницијатива.

– Наша обврска, се обидовме нешто со бизнис лобито, се обративме до локалниот економски совет, но се остана само на иницијатива, пред неколку месеци го поставивме тоа како апел, остана така, единствено кога ќе се намали прилив на пациенти да се обидеме тогаш да поставиме централен довод на кислород, сега кога има пациенти ризично е за тие што ќе го постават, појасни директорката.

Инаку дневно околу осумдесетина пациенти имаат потреба од кислород и дневно трошат секој по минимунм една боца, појаснува директорката. Додава дека мора да се внимава на секој денар кој се троши, но дека досега немаат дозволено пациенти да одат и сами да купуваат лекови и инфузии.

Никола Ивановски

Leave a Reply