Општина Куманово: Тврдењата на Мургашанска се однесуваат за два сосема различни плански опфати

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска преку соопштение регираше на прес конференцијата на советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска.

Loading...

Мургашанска, на денешната прес конференција праша дали градоначалникот ветил сообраќајно решение за изградба на зграда на советник од ДУИ.

Општина вели дека Мургашанска зборува за два сосема различни плански опфати.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално во продолжение:

„Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, на денешната прес – конференција изнесува невистини, бидејќи искажаните тврдење се одесуваат за два сосема различни плански опфати, со што се покажува нејзиното недоволно познавање од областа на урбанизмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово им оддаде почит на загинатите бранители во Диво Насеље (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Имено зградата која што ја споменува, а ја гради советникот од ДУИ е со издадено уредно Одобрение за градење, согласно важечкиот Детален урбанистички план. Истиот е донесен со одлука на Советот на општина Куманово, број 09- 10073/13 од 20.12.2022 година, во кој ДУП е предвидена посочената сообраќајница.

Истиот ДУП нема никаква врска со планскиот опфат, дефиниран во нацрт-детален урбанистички план, кој е утврден на седница на Совет на 05.05.2025 година, односно станува збор за два различни плански опфати“, стои во реакцијата на Општина Куманово.