Општина Куманово презеде итни мерки против аерозагадувањето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По вчерашните екстремно високи нивоа на ПМ10 честички во Куманово, општината денеска презеде итни мерки за намалување на загаденоста.

Loading...

Со методата на аеросолизација, Општина Куманово и годинава ќе се бори против загадениот воздух, а воедно инспекциските служби ќе трагаат по загадувачите.

Проектот минатата година беше реализиран со факултетите за информатички и комуникациски технологии и за земјоделски науки и храна, ЈП „Чистота и Зеленило“ и надлежните инспекциски служби и истиот даде резултати за намалување на ПМ10 честичките.

Аеросолизацијата предвидува прскање на најфрекфентните сообраќајници.

Loading...

Вчерашното екстремно ниво на загаденост регистрирано на мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање неофицијално е поради ложење на котларата за затоплување на кумановската болница, каде што и се наоѓа самиот мерен уред. Котларата како реагенс користи мазут кој загадува.

Leave a Reply