25.06.2019 03:31

Општина Куманово одвои дополнителни средства за спортот


Дополнителни три милиони денари Општина Куманово ќе одвои за спортот и спортските активности во градот, со што вкупната програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните за 2019 година достигнува износ од 13 милиони денари.

Дополнителните три милиони денари ќе завршат под ставката дополнителни трошоци, бидејќи како што појасни Цоки Ристевски од Секторот за култура и спорт, тоа се средства за клубови кои преминале во повисок ранг на натпреварување или ќе излезат на меѓународна сцена во претстојните сезони.

loading...

– Овие три милиони денари се за непредвидени трошоци, како пример ние не сме знаеле или не можеме да предвидиме дека Женскиот ракометен клуб ќе го освои Купот и дека сега треба да излезе на меѓународна сцена. Сега не знаеме на пример да кажеме во ждрепката со кој клуб ќе игра и колку финансиски средства ќе ни требаат. Во меѓувреме некои спортски клубови поминале од втора во прва лига и од септември ќе им требаат повеќе финансиски средства, појасни Ристовски.

Цоки Ристовски, фото: YouTube printscreen/TV Plus Kumanovo

Финансиските средства од Секторот за култура и спорт се пренасочуваат кон Сојузот на спортови на град Куманово кој средствата ги распределува до спортските клубови во зависност од нивните потреби.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments