Општина Куманово објави јавен оглас за набавка на садници

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен оглас за набавка на садници кои ќе се садат на подрачјето на општината, како дел од мерките за намалување на аеро-загадувањето кое од почетокот на ноември ги надминува граничните вредности. Според огласот, заинтересираните оператори треба да ги достават понудите до 13 ноември, годинава. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, неодамна во изјавата за медиумите истакна дека високо квалитетни садници ќе бидат засадени на територијата на општината, со цел зачувување и негување на животната средина и намалување на загадувањето.

Loading...

– Апел до граѓаните што помалку да загадуваме во овој период, бидејќи факт е дека загадувањето и причината за загадувањето во Куманово е од материјалот и огревните материјали коишто сите ние ги користиме во зимскиот период за затоплување. Да користиме квалитетно дрво, по можност да инсталираме печки на пелети и таму каде што нашето ЈП „Куманово гас“ има можност да инсталира дотур на природен гас да го користиме истиот за затоплување, бидејќи добиваме дополнителни заштеди во секое семејство и буџетот во семејството. Куманово е град којшто ја има таа среќа да има свое јавно претпријатие за дистрибуција на гас, ние во фази ја шириме гасоводната мрежа, имавме поголем број на приклучоци и на индивидуални и на станбени објекти, ги субвенционираме семејствата коишто се приклучуваат -рече Димитриевски при заедничка акција за садење медоносни растенија со пчеларите од Куманово.

И минатата година во Куманово, ЈП „Чистота и Зеленило“ садеше висококвалитетни садници и формираше дрвореди на повеќе локации. Некои од нив беа уништени од несовесни граѓани, како оној во населбата „Карпош“.

Leave a Reply