Општина Куманово ќе одвои 400.000 денари за авионско прскање против комарци

Сподели со своите пријатели

По трите извршени ларвицидни дезинсекции против комарци, денеска општина Куманово ќе склучи договор со компанија изведувач за авионско прскање против комарци, соопштија  од одделението за јавни набавки.

Loading...

Избрана е компанија изведувач „Бони -Ер” од Куманово и за авионска дезинсекција ќе бидат одвоени 400.000 денари без данок на додадена вредност.

– Набавката успешно се реализра по четврти пат, по претходни три неуспешни обиди за спроведување на постапката, соопштија од одделението за јавни набавки.

По потпишување на договорот, компанијата ќе изврши авионска дезинсекција, за што граѓаните и пчеларите дополнително ќе бидат информирани, а ќе зависи од временските услови, појаснија од одделението за односи со јавност од општината.

Претходно, општина Куманово од април досега, во три наврати изврши ларвицидна дезинсекција против комарци. Вкупно, за ларвицидна дезинсекција, за дератизација против глувци и за дезинскеција против крлежи општина Куманово одвои 600.000 денари без данок на додадена вредност.

Image by István Asztalos from Pixabay

Leave a Reply