Општина Куманово избра најдобар понудувач за набавка на шест возила

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе набави шест возила, пет „дачија“ и едно „рено“ кои  ќе ги користат мобилните општински служби кои одат на терен, секторот за инспекциски надзор, за урбанизам,  правни работи и едно ќе го користи противпожарната единица од Куманово.

Loading...

Општината одвоила над 7, 8 милиони денари со данок на додадена вредност, за набавка на возилата по пат на финансиски лизинг.

Возилата се уште не се испорачани, договорот со избраната компанија е потпишан, но реализацијата ќе се пролонгира, бидејќи, појасни, градоначалникот Максим Димитриевски  на денешната седница на советот,  општината е под финансиска блокада и возилата ќе бидат набавени кога општината ќе се деблокира.

Опозицијата праша зошто се набавуваат возила, а не се гради инфраструктура во рурални средини.

Димитриевски истакна дека не станува збор за набавка на луксузни возила и рече дека набавката со лизинг е реализирана, откако претходно е донесена одлука на совет кога тогаш потенцирал дека многу поефтино за општината  е да се набават нови возила, во однос на средствата кои што досега се одвојуваат за одржување на веќе амротизираните возила кои ги користи администрацијата.

-Одлуката е добра и советот ја поддржа бидејќи на долгорочно ниво генерира заштеди-рече Димитриевски

За постоечките возила, додаде или ќе бидат продадени или пак со одлука на совет ќе бидат доделени на други институции кои се под надлежност на општината.

Leave a Reply