Општина Куманово и пазарот ќе работат со скратено работно време

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и зелениот пазар во Куманово ќе работат со скратено работно време, информираат од локалната самоуправа, по денешниот одржан четврт состанок на Општинскиот комитет за заштита и спасување, а во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста Ковид-19.

Loading...

– Во насока на превземање на активности за превенција  и спречување од ширење на корона вирус, Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе побара од Ј.П”Пазаришта” да се скрати работното време за 2 часа. Се препорачува на Општина Куманово да работи со скратено работно време за 2 часа, до 14 часот. А по 14:00 часот вработените да бидат достапни на своите службени телефони, информираат од Општина Куманово.

Штабот упати препорака верските заедници во градот да се врши задолжителна дезинфекција на сите верски објекти.

– Исто така се препорачува верските заедници во градот да ги почитуваат одлуките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, особено да се редуцира постапката за погребални церемонии на половина час со определена дистанца меѓу луѓето. По секој обред капелата да се дезинфицира од страна на ЈП “Чистота и зеленило”, информираат од општината.

Никола Ивановски

Leave a Reply