Општина Куманово ги презентираше можностите за инвестирање во индустриската зона Речица

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во мај ќе организира јавно наддавање за 12 парцели од индустриската зона Речица, соопштија денеска надлежните од општината на on – line презентација, на која беа презентирани можностите за инвестирање, начинот и постапка за стекнување со имот за инвестиција во новата индустриска зона. На презентацијата присуствуваа 30-тина претставници од бизнис заедницата, од амбасадите, заинтересирани правни и физички лица.

Loading...

– Како општина за првпат организираме јавно надавање на градежни парцели, досега тоа одеше преку Министерството за транспорт и врски. Ова е прва презентација и ќе следат уште неколку за да привлечеме што е можно повеќе инвеститори-рече градоначалникот Максим Димитриевски.

Раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска истакна дека во зоната има слободни 50 парцели, но на јавното наддавање кон крајот на мај, годинава ќе бидат понудени 12 градежни парцели, четири со намена Г2-лесна незагадувачка индустрија, две со намена за хотелски комплекси и шест за големи трговски единици. Цената е различна и за Г2, цената е 61, за хотелски комплекси 283 и за големите трговски единици 800 денари по метар квадратен. Надоместокот за комуналии е 40 денари за метар квадратен, доколку добијат право на градење. Парцелите се со различна големина.

Во зоната веќе има две изградени фабрики, но тогаш наддавањето одеше преку Министерството за транспорт и врски.

Општинската администрација соопшти дека и претходно имало заинтересирани субјекти за вложување. Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. Владата претходно одвои средства за инфраструктурата во вредност од 24 милиони денари.

Leave a Reply