Општина Кочани ќе подарува по 500 евра за брак на стари ергени и моми

Сподели со своите пријатели

По Свети Николе и Лозово, и Кочани почна да ги мотивира старите ергени и моми да стапат во брак. Општината Кочани на оние парови од кои барем едниот партнер има над 40 години, ќе им подари 500 евра, доколку склучат брак, јавува кочанската ТВ станица ИРИС.

Loading...

Кочани е и првата општина која дава пари и за новородено дете чии родители се од социјално ранливите категории. Ова субвенционирање за новороденчињата и за старите ергени и моми над 40 години оди во прилог на тоа што експертите веќе подолго време алармираат дека на истокот во училишните клупи се е помал бројот на првачиња, а работоспособното население се иселува.

Засега од Брегалничките општини, Кочани е првата која парично ги мотивира граѓаните за формирање на семејство и да се зголемува наталитетот, останатите велат дека размислуваат за воведување на вакви мерки, но се зависи од буџетите кои се скромни посебно во руралните општини.