Општа Болница Куманово ќе добие нов биохемиски анализатор

Сподели со своите пријатели

Како што денес најави министерот за здравство, Никола Тодоров, 56 биохемиски анализатори идниот месец ќе бидат испорачани во 54 јавни здравствени установи во државата, меѓу кои е опфатена и Општа Болница – Куманово.

Loading...

Постапката за јавна набавка на 56 нови биохемиски анализатори е завршена, најави Тодоров,  и со нив ќе се овозможи побрзо добивање здравствена услуга, како и подигнување на нивото на квалитет и зголемување на точноста на биохемиските анализи.

– Капацитетот на анализаторите изнесува 800 анализи на час комбинирано, односно 400 фотометриски тестови со 400 електролити. Просечно време на изработка на анализите е 8 минути, што е значително побрзо од постојните анализатори. Во ист момент- On board може да се стават 63 реагенси, а по потреба се изработуваат и до 80 примероци, истакна Тодоров.

Покрај Општата Болница Куманово, биохемиски анализатори ќе бидат дистрибуирани и во останати 55 болници, односно здравствени домови низ Македонија.

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.