Опожарени помошни објекти за чување овци во Доброшане

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера во своето работење бележат три интервенции, од кои една на запалени помошни објекти за овци и две на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во населбата Доброшане пожарникарите ја бележат првата интервенција и тоа на запалени помошни објекти кои служеле за чување на 450 овци. Во пожарот целосно изгореле помошните објекти, сеното, детелината, жито и други житни култури кои биле складирани внатре. Овците биле спасени, но причината била огромна материјална штета, која заедно со причините за избувнување допрва ќе се утврдува. Интервенцијата траела со часови, односно во период од 13:30 до 18:10 часот пожарот го гаснеле девет пожарникари со три противпожарни возила.

Втората интервецнија ја бележат од 15:40 до 18:05 и тоа на запалено стрниште и сува трева во атарот на селото Љубодраг. Во интервенцијата учествувало едно противпожарно возило со тројца пожарникари. Причината за пожарот засега не е позната.

Сувата трева околу Спомен Костурница горела и вчера, па интевенција бележат тројца пожарникари со едно противпожарно возило кои се справувале со пламенот од 17:05 до 19:30 часот.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.