ОО на СДСМ Куманово за Илинден организира бесплатен превоз за Пелинце

Сподели со своите пријатели

Општинската Организација на СДСМ – Куманово,  по повод празникот 2 Август – Илинден, организира превоз за прославата во Меморијалниот центар “Пелинце”.

Loading...

Место на поаѓање на автобусите е закажано пред поранешната зграда за општествени дејности ”КОМИТЕТ”, во недела во 8 часот наутро.

Инаку, ова година, по повод прославата на Илинеден и 71 година од одржувањето на АСНОМ, во Меморијалниот центар во Пелинце, пред присутните ќе се обрати Претседателот на Собранието,  Трајко Вељаноски.

Вељановски ќе ја предводи собраниската делегација на Пелинце, додека на Мечкин Камен, свое обраќање ќе има Ѓорѓи Иванов, претседател на Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.