ОН: Потребни се 1,6 милијарди долари за палестинските бегалци

Сподели со своите пријатели

Агенцијата на ОН, која обезбедува основни услуги за милиони палестински бегалци, денеска апелираше да добие 1,6 милијарди долари за својата работа и предупреди дека сè потешко ѝ е да го исполни својот мандат поради зголемените трошоци и намалените ресурси.

Loading...

Агенцијата UNRVA е основана во 1949 година, по првата арапско-израелска војна, за да обезбеди основни услуги како што се образование во училиштата, примарна здравствена заштита и испраќање хуманитарна помош во Газа, Западниот Брег, Јордан, Сирија и Либан.

Апелот укажува на предизвиците од претходната година – недоволно средства, други глобални кризи, инфлација, нарушување во синџирот на снабдување, геополитичка динамика и голем скок на сиромаштијата и невработеноста кај палестинските бегалци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Генералниот комесар на агенцијата, Филипе Лазарини, во ноември изјави за Ројтерс дека УНРВА нема да може да го исполни својот мандат, кој ОН минатиот месец го обнови за уште три години, поради финансиски проблеми.