Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години

Сподели со своите пријатели

Зголемените сметки за енергија во домаќинствата и цените на храната ја поттикнаа британската инфлација на нов 41-годишен рекорд во октомври, покажаа податоците, еден ден пред презентацијата на министерот за финансии Џереми Хант за зголемување на даноците и намалување на јавните трошоци за да се заузда инфлацијата.

Loading...

Потрошувачките цени во Велика Британија се зголемија за 11,1 отсто на годишно ниво минатиот месец, на највисокото ниво од октомври 1981 година, значително закрепнувајќи од септемвриските 10,1 отсто, соопшти денеска Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Економистите анкетирани од Ројтерс прогнозираа годишна стапка на инфлација од 10,7 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

ONS во соопштението рече дека инфлацијата би достигнала околу 13,8 отсто во октомври доколку владата не интервенирала со ограничување на цените на енергијата за домаќинствата во просек од 2.500 фунти (2.960,25 долари) годишно.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци пораснаа со најбрзо темпо од 1977 година, најсилно погодувајќи ги оние со најниски примања, соопшти ONS.

Коментирајќи ги податоците, Хант, кој во четврток треба да го претстави новиот буџет, рече дека се потребни „тешки, но неопходни“ одлуки за владата да се справи со растечките цени.

„Наша должност е да и помогнеме на Банката на Англија во нејзината мисија да ја врати инфлацијата на целното ниво, постапувајќи одговорно со државните финансии“, се вели во соопштението на Хант, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

ONS откри дека домаќинствата со ниски приходи се соочуваат со поголем удар од инфлацијата отколку најбогатите граѓани бидејќи трошоците за енергија и храна заземаат поголем дел од нивниот приход.

Loading...

Домаќинствата со најниски примања, се вели, претрпеле стапка на инфлација од 11,9 отсто, додека оние со највисоки приходи се соочиле со стапка од 10,5 отсто, според Ројтерс.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.