„ОКТА“ и Општина Куманово потпишаа меморандум за соработка

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и главниот менаџер на рафниеријата „ОКТА“ денеска во општинските простории потпишаа меморандум за соработка.

Со меморандумот на Тероторијалната противпожарна единица Куманово и се доделува противпожарно возило од страна на компанијата, бидејќи истата е лоцирана најблизу до самата рафинерија.

Суштината на соработката е бидејќи ние сме единствена голема општина која е во непосредна близина на компанијата која е сместена во општина Петровец меѓутоа капацитетот на нашата противпожарна заштита како најголема општина можеби и дава силна поддршка во оваа соработка од позиција што знаете дека компанијата се бави со лесно запалливи средства значи обработка на сирова нафта, дестилати, и нивната противпожарна заштита е еден од условите за работа на таа компанија – вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Општина Куманово преку меморандумот ќе го добие противпожарното возило, кое иако старо 20 години е во одлична кондиција и може да служи на сите граѓани на Општина Куманово, во справување со пожарите.

Натамошнта соработка се состои во тоа што ќе имаме техничка поддршка , едукација на кадри во билатерала, програми и информации за безбедносните противпожарни заштити тоа се сегменти во кои што ќе имаме соработка помеѓу „ОТКА“и град Куманово – додава Дамјановски.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.