ОКСФОРД: Хрватска има најстроги рестрикции во однос на бројот на заболени

Сподели со своите пријатели

Универзитетот Оксфорд го презентираше истражувањето на OxCGRT – Oxford Covid-19. Станува збор за ограничувања што земјите ги прават како одговор на пандемијата на коронавирус.

Loading...

Универзитетот Оксфорд објави мерач на државни мерки кој покажува како одредени земји реагираат на кризата со коронавирусот, рангирајќи ги според рестрикциите кои ги носат, во корелација со бројот на заразени.

Погледнете ги во живо познатите туристички центри кои сега се непрепознатливи (ВИДЕО)

Тие посочуваат дека истражувањето е само за компаративни цели. Тие зеле предвид единаесет критериуми – вклучително и затворање училишта, откажување на јавни настани и ограничувања во сообраќајот и деловните активности – кои потоа ги споредуваат со бројот на заразени во земјата.

Хрватска е на врвот во однос на воведените ограничувања според бројот на заразени од коронавирусот.

Кинески лекар почина откако 35 дена работел без прекин (ВИДЕО)

Покрај затворањето на основните и средните училишта, кафулињата, рестораните и продавниците што продаваат сè што е, како што велат тие, неопходно за живот, забраната за напуштање на домот, продавниците и аптеките работат до 18 часот, половина од островот Муртер е под карантин, а се најавуваат уште построги мерки доколку се утврди дека граѓаните не ги почитуваат постојните.

Една мерка што предизвикува голем број реакции во моментот е предлог-законот за следење на мобилните телефони на граѓаните за да се следат оние што ја нарушуваат самоизолацијата. Таков закон донесе денеска Словачка.

Loading...

Богатите поради пандемијата купуваат суперлуксузни засолништа (ВИДЕО)

По ескалацијата на ситуацијата во Италија, Хрватска реагираше многу брзо и презеде бројни мерки за да го спречи италијанското сценарио. Во моментов има 496 заразени и мало зголемување на заразените лица во четврток во однос на претходниот ден.

Според Оксфорд, зад Хрватска се Србија и Сирија. Информациите ќе се ажурираат редовно.

Leave a Reply