Кинески лекар почина откако 35 дена работел без прекин (ВИДЕО)


Кинески лекар, Донг Тианг (29) починал од мозочен удар откако работел без прекин 35 дена за да ги спаси оние што страдаат од коронавирус.

Анестезиологот, д-р Тијанг, прогласен е за мртов во болницата во Хубеи во саботата наутро, една недела пред неговиот 30-ти роденден.

Loading...

Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

Тој работел без прекин повеќе од еден месец, по што паднал на 3 март и бил пренесен во болница. Тој бил лекуван 19 дена, но без никаква корист. Лекарот оставил сопруга и болен татко зад себе.

Донг бил загрижен за неговиот болен татко кога слушнал дека покраината Хубеи се бори со коронавирус. Потоа се пријави доброволно за работата.

Откако работел постојано 35 дена, анестезиологот почнал да ја губи способноста да зборува, а потоа се онесвестил.

Бил Гејтс: На што навистина нè учи коронавирусот?

Кога починал, тој бил вратен во ковчег во својата куќа, а поворката ја поздрави масата луѓе кои носеа транспаренти: Добредојдовте дома, хероју!


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *