Околу 100.000 деца се загрозени од земјотресот во Мароко

Сподели со своите пријатели

Околу 100.000 деца се во опасност од силен земјотрес во Мароко, објави УНИЦЕФ.

Loading...

Агенцијата на ОН истакна дека веќе мобилизирала хуманитарен персонал за да обезбеди итна помош на терен во координација со властите.

Во соопштението се предупредува дека последователните потреси во наредните денови и недели ќе ги изложат на дополнителен ризик децата и нивните семејства.

Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 300.000 луѓе се загрозени од петочниот земјотрес со јачина од 6,8 степени, 72 километри југозападно од Маракеш и во планините Висок Атлас.

УНИЦЕФ соопшти дека се уште не е познат точниот број на загинати и повредени деца во земјотресот и дека најновите проценки од 2022 година покажуваат дека децата сочинуваат речиси една третина од населението во Мароко, пренесува Танјуг.

Во соопштението се посочува дека во земјотресот се уништени и оштетени училишта, болници и други медицински и образовни институции, што дополнително ја влошува состојбата на децата.

УНИЦЕФ ги поддржува децата во Мароко од 1957 година, а отвори канцеларија во таа земја во 1978 година.

Повеќе од 2.800 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, а илјадници се повредени во земјотресот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Мароко.

Loading...

Надлежните стравуваат дека овие бројки ќе се зголемат.