ОК ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Дамјановски за партиски вработувања во општината

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска преку прес конференција упати критика до градоначалникот Зоран Дамјановски дека во пресрет на локалните избори ќе бидат вработени нови 34 лица.

Овие работни места Кумановчани ќе ги чинат над 2 милиони денари месечно, само за плата. Пари кои граѓаните ќе треба да ги одвојуваат за градоначалникот Дамјановски и СДС си го платат цехот за своето опстојување. Пред дванаесет години кога го доби првиот мандат, градоначалникот затекна општина со помалку од триесетина вработени. За време на своето владеење успеа вработените во општината повеќекратно да ги зголеми, за да ова 2017г. оваа бројка порасне до околу 250. Прашуваме дали општината за 12 години пораснала 8 пати, или пак се развила толку за да се оправдаат овие зголемувања на вработените од 800% – изјави Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Според Петковски, градоначалникот Зоран Дамјановски ќе биде запаметен по тоа како не треба да се управува со општината.