ОК ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме однесувањето на Дамјановски кон повозрасна кумановка (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска излезе на прес конференција на која, претседателот Драган Петковски изрази осуда за вчерашното осудување на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој имаше мал вербален инцидент со граѓанка на населбата Перо Чичо.

Имено, додека Дамјановски даваше изјава за медиумите, поворзасна жена го прекина и со повишен тон започна да се расправа со него, иако беше замолена од самиот градоначалник да почека да заврши со изјавата и да разговараат подоцна, сепак таа неколку минути водеше монолог со повишен тон. Во даден момент Дамјановски во обид да ја смири со повишен тон ја замоли да се смири, меѓутоа снимките кои се појавија на дел од порталите кои се исечени во одредени сегменти беа повод за денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ и Дамјановски манифестирале агресивно однесување кон граѓаните, и истото го осудуваат.

Изреволтиран, Дамјановски со неговото обезбдување и се нафрлија на жената и ја истуркаа позади камерите на тротоарот. Тоа може да се забележи убаво од видео снимките. Покрај туркањето ја навредуваа дека е невротична и дека допрва ќе се гледале на суд за вистината која му ја соопшти на градоначалникот. Вистина за неговото неработење и за сите негови лажни ветувања и манипулации. Јавно го осудуваме таквото однесување на лица кои треба да бидат пример на градот и да го водат и унапредуваат. Градоначалникот е должен да излезе и јавно да се извини на жителите на населбата Перо Чичо, на жената што ја истурка позади камерите и на граѓаните на Куманово кои со години се манипулирани и лажени. Секојдневно  апелираме до градоначалникот да се зафати со работа и да направи нешто во интерес на граѓаните и пред се нивните потреби – рече Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

 

Петковски вели дека агресивно однесување во изминатиот месец покажале и други членови на СДСМ од Куманово кои сега имаат високи функции.

Изминативе неколку месеци СДС Куманово го покажа вистинското лице на граѓаните на Куманово. Покрај кафеанската тепачка во која учествуваше пратеникот Максим Димитриевски, како  и инцидентот кога Претседателот на Општинската Организација на СДС Мартин Костовски физички нападна свој сограѓанин затоа што присуствуваал на мирен граѓански протест, а за кое сега е награден со директорско место во Службен весник на РМ, ова вчера е уште еден по ред инцидент во кој се инволвирани раководителите на СДС од Куманово – додаде Петковски.

Петковски вели дека кумановци ќе ја утврдат нивната дијагноза, а лековите ќе им ги достават на изборите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.