ОК на ВМРО ДПМНЕ со остра реторика по уривањето на дотраената куќа во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Александар Стојановски, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ денес од партиските простории во Куманово повика на одговорност на локалните власти, откако во текот на вчерашниот ден, склонопаден објект на улица Ленинова се сруши во момент кога на улицата поминувал автобус со патници.

Loading...

– Поттикнати од последниот немил настан кога на улица Ленинова се урна една од постарите куќи во градот, не можеме а да не реагираме на општата негрижа на градските власти кон старата градска архитектура. Настанот е уште потрагичен затоа што ова не е прв случај, ако се земе во предвид дека минатата година, ист ваков објект се урна на улица Илинденска, вели Стојановски.

Со ова случка според ОК на ВМРО ДПМНЕ, на површина излегле и сите апсурди на владеењето на сегашната локална гарнитура, со оглед дека градоначалникот во својата прва предизборна програма ветил дека улицата Ленинова ќе стане пешачка зона.

– Не е изговор дека старите куќи на богатите кумановци се во приватна сопственот. Напротив, во сите општини, токму градските власти помагааат на сопствениците за обновување на старите градби. Со оглед дека старите куќи не се заштитени со Закон за културно наследство, оттука и ненадлежност на државата да се грижи за овие градби, вели партискиот портпарол.

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ денес обвини дека градските власти дозволиле градење на дивоградви околу православниот храм Свети Никола.

На денешниот прес, Стојановски соопшти дека Министерството за култура во дух на сочувување на старите градби, ќе ги конзервира фасадите на две куќи на ул. Иво Лола Рибар, за да се сочува автентичноста на староградската архитектура.