ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово упати честитка по повод Денот на независноста

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста.

Loading...

На референдумот одржан на 8 септември 1991 год, со убедливо мнозинство,  95% од граѓаните кои излегоа да ја изразат својата слободна волја, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија?“.

Мало парче земја, сместено во срцето на сите случувања, дел од многу војни, пролеана крв и пот на нашите херои… низ вековите соочени со безброј предизвици, останавме тука да го чуваме и штитиме нашето име и националната определба.

Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита овој голем празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ, се вели во честитката упатена од ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.