ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово организира хуманитарна акција за деца

Сподели со своите пријатели

Комисијата за образование при Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово ја најави хуманитарната акција за донирање детска литература, ученички прибор, играчки и топла облека за децата од социјален ризик.

Loading...

За таа цел, ги повикува сите хумани жители на Куманово да ја покажат својата солидаронст и сплотенст, подавајќи рака на оние на коишто им е најпотребна, се вели во писменото соопштение испратено до медиумите.

Настанот ќе се одржи во петок /25 септември/ од 18 до 20 часот во просториите на поранешна Тобмола, во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово (зад градскиот плоштад)


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.