ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организира две трибини во следните денови

Loading...
Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово во текот на следните два дена организира трибини на различни теми во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Во текот на утрешниот ден Комисијата за култура при ВМРО-ДПМНЕ – ОК Куманово организира трибина насловена како „По стапките на Александар Македонски“ на која предавање ќе одржи проф. д-р. Виктор Лилчиќ – Адамс кој ќе зборува за патот на Александар Македонски низ Република Македонија.Трибината започнува во 19:30 часот во малата сала во Центарот за култура.

11221662_1644262145828529_7991910058075495083_n

Веќе следниот ден, односно во среда, во организација на Комисија за образование при ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово ќе се одржи трибина на тема “Методи и пристап на дислексија”. Истата ќе започне во 19 часот, на веќе споменатата локација.