ОЈО Куманово му одреди притвор на лицето кое подметна пожар на 11 возила

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 37 годишниот кумановец З.М. осомничен дека ги запалил 11-те возила во градот.

Loading...

Како што соопшти денеска ОЈО, З.М. е осомничен дека сторил тешки дела против општата сигурност односно дека на четири  локации во Куманово запалил единаесет возила на различни сопственици, при што користел запалка и ги потпалувал возилата кај регистарските таблички.

Лицето е приведено во кумановската полиција, обавен е службен разговор, по што З.М е предаден во ОЈО Куманово, каде што е извршен распит. Кумановецот го признал делото и навел дека возилата ги палел по случаен избор, без одредена цел. З.М бил во алкохолизирана состојба и претходно бил осудуван за семејно насилство.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.