ОЈО Куманово ја расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загуби полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени, стои на сајтот на Основното јавно обвинителство.

Loading...

-Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол,  удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди.  Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, велат од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител, како што додаваат од Обвинителството, донесл Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *