ОИК Куманово ја попречува работата на новинарите

Сподели со своите пријатели

Општинската изборна комисија во Куманово од рано утринава од отварањето на избирачките места ја попречува работата на медиумските работници.

Не се дозволува фотографирање и влегување на избирачки места со видео опрема, нешто што не било забележано на сите досегашни избори.

На новинарите и фотографите им се бараат акредитации од Државната изборна комисија, но нив ДИК ги издава само за странски новинари. Иако во предвидениот рок за акредитации прашавме дали е потребно да се акредитираме, од комисијата рекоа дека тоа не е потребно за домашни медиуми.

Претседателите на дел од избирачките места не ни дозволија да влеземе во просториите каде се гласа, а претседателот на ОИК Куманово Звонимир Николовски ни рече дека не смееме да фотографираме.

Испративме реакции до портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска, која вели дека од таму не испратиле никакви насоки за акредитации и дека може да влеземе со наши прес идекнтификации, меѓутоа очигледно координацијата не им оди најдобро од централно и локално ниво.

Новинарите од Куманово ова го сметаат како директен напад врз слободата на известување и следење на референдумскиот процес и со своја реакција по завршување на изборниот ден, ќе се обратиме до професионалните здруженија, ДИК, Владата, но и до меѓународните институции.

Leave a Reply