Огромни пожари во Тексас: Затворена фабрика за нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Повеќе шумски пожари го опустошуваат Северен Тексас, предизвикувајќи евакуација на илјадници жители, прекин на електричната енергија за илјадници домови и принудно затворање на постројката за нуклеарно оружје Пантекс.

Loading...

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи вонредна состојба во 60 окрузи за да се овозможи распоредување на критичните ресурси за гаснење на пожарите.

Силните ветрови поттикнаа неколку големи пожари во регионот, поради што беше прогласена вонредна состојба, бидејќи тринаесет пожари изгореа вкупно 77.135 хектари низ Тексас во понеделникот, соопшти шумската служба.

Пожарникарите се уште се борат со неколку активни пожари низ американската сојузна држава, објавија медиумите.

 

 

Пожарот Smokehouse Creek, кој гори меѓу Канадијан и Стинет, започна во вторникот и порасна од 40.000 хектари на 200.000 хектари за само шест часа.

Loading...

Главниот капацитет на Пантекс, каде што се собира и расклопува американскиот нуклеарен арсенал, беше затворен во вторник навечер и беше евакуиран персоналот.

Противпожарната служба на фабриката останала на локацијата.

Од 1975 година, постројката Пантекс е главно место за склопување и демонтирање на атомски бомби во САД. Последната нова бомба беше составена во 1991 година.

Предупредувањата за пожари и евакуации се во сила на многу локации, објави Националната метеоролошка служба во Амарило во вторникот вечерта.

Силните ветрови кои се движеа пред студениот фронт во регионот достигнаа налети од повеќе од 80 километри на час.

Властите не ја објавија причината за шумските пожари што ги зафатија ретко населените области во Тексас.

Непознат број домови и други објекти во округот Хачинсон се оштетени или уништени, соопштија локалните власти за вонредни состојби.

Според прогнозата, температурите во четврток ќе бидат пониски на западот на Тексас, ветерот ќе слабее, а можни се и дождови, пренесува Спутник.

Loading...